
Од 22-та нови случаи, 7 во Тетово – кризниот штаб предупредува дека состојбата не треба да се потценува
Додека на ниво на држава се размислува за олеснување на рестриктивните мерки, во Тетово и тетовско продолжува растечкиот тренд на новозаразени со Ковид- 19.
Во изминатите 24 часа од вкупно 22 нови случаи на ковид-19 во земјава, 7 се во Тетово, додека 13 во Скопје и 2 во Прилеп.
На денешниот состанок на општинскиот Кризен штаб во Тетово беше констатирано дека состојбата не треба да се потценува.
Во овој регион регистирани се три нови кластери, освен досегашните 5.
Од новозаразените три лица се од Тетово, три од Боговиње и едно од Брвеница.
Мерките за превенција од ширење на коронавирусот во Тетово ќе се спроведуваат според владините препораки.
Инаку, вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1664, бројката на оздравени пациенти е 1200, на починати е 91, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 373.
Данијела Билбилоска