
Од 1-ви Јули започнува поврат на ДДВ кај граѓаните
Од 1-ви Јули започнува мерката поврат на 15% од платен ДДВ кај граѓаните, објави денеска УЈП на прес-конференција.
Секој граѓанин ќе може да побара поврат на ДДВ преку апликација на мобилен телефон.
Граѓаните ќе треба да ги скенираат фискалните сметки преку апликација на мобилен телефон, а системот на УЈП автоматски ќе пресметува колку пари ќе бидат вратени кај граѓаните.
Едно четиричлено семејство нема да може да добие поврат поголем од 28.800 денари.