Обвинителството се уште не се произнесло за кривична за кршење на авторските права

Авторските права се светост во демократскиот свет додека кај нас голем оператор неовластено пренесува телевизиска програма за која нема регулирано авторски права, вели адвокатото Сашко Дуковски, кој пред речиси една годна од поднесе кривична пријава до обвинителството. Предметот се уште е во предистражна постапка. Освен боксот, за кој Телма ги има откупено правата, истиот оператор реемитува уште 13 програми, без да се регистрира во Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги како носител на права, односно пиратски потенцира Дуковски, повикувајки се на инспекциски надзор на АВМУ, кој е поднесен како поткрепа на кривичната пријава.

Кривичната пријава адвокатот ја поднел поднел уште на 19 декември за злоупотреба на службената положба и за повреда на авторски и сродни права и смета дека досега обвинителството требало да го расчисти овој случај.

Од скопското обвинителство одговараат дека се уште работат на проверка на наодите од кривичната пријава поднесена од Телма. Досега испратиле три барања за конкретни податоци. Првото во февруари до АВМУ. Откако добиле известување, побарале податоци од МВР во март а одговор добиле дури 5 месеци подоцна во август. Третото барање е испратнео на четврти октомври до операторот од каде се уште нема одговор, објаснуваат од обвинителството.

Но ова не е единствениот случај за непочитување на авторски права. Петте национални телевизии преку Македонската Медиумска Асоцијација бараат од истражните органи да го процесуираат и случајот со кумановски кабелски оператор кој нелегално емитувал програма заштитена со авторски права. Министерот за внатрешни Оливер Спасовски кусо вели постапувале по кривичната пријава на АВМУ.

Министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски вели новиот закон за АВМУ е заглавен во Собранаието и за откочување потребна е поддршка од опозицијата. Очекува до крајот на годината законот да биде донесен.

И ММА неодамна ги повика надлежните да не молчат, туку да ги процесуриаат ваквите случаеви со пиратерија на операторите со што се прави штета на телевизиите кои законски плаќаат за авторски права за реемитување на спортски настани, серии, филмови и друга телевизиска содржина.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ