Обвинителството отвори предмет за концесијата за центрите за дијализа

Oбвинителството за гонење на организиран криминал и корупција истражува како се доделувале концесии за центрите за дијализа во земјава. Од обвинителството информираат дека отвориле предмет по допрен глас, по реакциите на здружението за бубрежно болни граѓани Нефрон и медиумските написи за недоследности во постапката.

Обивнителите ќе ги проверуваат сомнежите  за нетранспарентно водење на постапката со фаворизирање на фирми и граѓани, така што познати меѓународни  провајдери со големо искуство биле ставени во подредена положба, информираат од обвинителството.

Според нив, постои основ за сомнение и во врска со Одлуката за утврдување на референтна цена за хемодијализен третман со што цената за ваков третман кај хронична бубрежна инсуфициенција е зголемена од 4855 денари на 5400.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ