Обвинителството одзема имот на осомничените Кичеец и Боки 13

Еден глисер сопственост на второосмничениот Зоран Милески викан Кичеец од ноќеска е во прангите на истрагата за рекетирање на бизнисмени во кој првоосомничен е Бојан Јовановски алиас Боки 13. Наредбата ја издало обвинителството за организиран криминал во рамки на истрагата за рекетирање на бизнисмени. Откако преку финансиска истрага е утврден целосниот имот на двајцата осомничени меѓу кои и глисерот на Кичеец, побарано е обезбедување на имот по што е дадена судска наредба и чамецот привремено е одземен.

Истрагата за случајот продолжува, а министерот за внатрешни работи денеска потврди дека имало повеќе пријави од бизнисмени дека биле уценувани и им биле изнудувани пари за што за некои се отворени и соодветни постапки. Но не кажа ниту бројка ниту име на уценуван бизнисмен. Во Прилеп, министерот Спасовски не одговори ниту дали знае каде во моментот е Катица Јанева која е на боледување, има одземен телефон и никој не успеа да ја пронајде. За Спасовски, не е демократски да се следат граѓани без наредба иако станува збор за специјална обвинителка која имаше и полициско обезбедување.

Опозицијата од друга страна за рекетот и натаму го обвинува врвот на власта и ги повикува да пријават кој политичар учествувал во шемата за рекетирање. Досега не однеле никакви докази во обвинителство и сметаат дека тоа е работа на Заев и на обвинителката Русковска.

Според портапролот на ВМРО –ДПМНЕ Димче Арасовски целиот случај со изнуден рекет се движи во вредност од десетици милиони. се стекнале со изнуден рекет во вредност од десетици милиони. ВМРО-ДПМНЕ и натаму бара распит на Јанева, а во интервјуто за Код, обвинителката Вилма Рускоска потврди дека додека се одвивала изнудата на спикерфон на мобилен се слушал и гласот на обвинителката вмешана, но не осомничена во случајот. Тоа го имало на снимките на сведокот Орце Камчев кој бил рекетиран.

Јанева и натаму е на боледување, а од обвинителството за организиран криминал досега не е повикана да даде исказ и не се открива дали и кога тоа ќе се случи.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ