Обвинителството од вторник ќе ја истражува содржината и ќе трага по објавувачот

Јавното обвинителството тргнува во потрага кој ги објавил разговорите во кои бизнисменот Орце Камчев бара спогодба со браќата Заеви за да не се пролелеа крв.

Од вторник натака обвинителите ќе ја истражуваат содржината на разговорите, но и кои ги прикачува на интернет.

Објавувачот е потпишан под псевдонимот „Големото уво“, а аудио снимките се со наслов  „нахранете ја демократијата“. Ова се недоволни инфоамации за јавното обвинителство да го пронајде човекот кој објавува, а од МВР потврдија дека се уште не е побарана поддршка ниту  техничка помош.

Додека обвинтелството се екипира после неработниот понеделник за само еден ден ден петте „бомби“ ја поттикнале љубопитноста кај десетици илјади граѓани кои над 120 илјади пати ги преслушале монолозите на Камчев.

Една од нив е и заменичката на премиерот за која Камчев  ден претходно во судницата за предметот „Рекет“ кажа дека ја познава и не верува дека била дел од шемата на Боки 13 и Катица Јанева.

Таа, пак, со неверување ги коментираше зборовите на Камчев во кој тој ги споменува децата на Зоран и Вице Заев.

Суштината на објавените разговори е обидот на премиерот и високите партиски функционери околу него да ја сокријат вмешаноста во случајот „Рекет“, па оттука и дефокусирањето со исечоци од разговори на главниот сведок, тврди портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Камчев во еден од разгворите прогнозира дека набргу на власт ќе дојде ВМРО ДПМНЕ, а Заеви ќе се најдат во немилост, затоа е потребно помирување, но какво и за што бомбите не откриваат.

Шпекулациите се дека Камчев е сниман, а тој разговоара со партиски функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

Дека „бомбите“ се сечени и монтирани сомнеж имаат и од правниот тим на Камчев, но прво ќе се консултираат со него, а потоа ќе соопштат што ќе превземат.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ