Обвинителството на Монако ќе му даде меѓународна правна помош на ОЈО за предметот „Диамед“

Обвинителството на Монако ќе му даде меѓународна правна помош на Основното јавно обвинителство за предметот за доделување на концесија за центрите на дијализа.

Двете обвинителства се во постојана комуникација и се очекува наскоро да биде испратена целокупната документација која е поврзана со предметот што се истражува во Македонија. Обвинителството од Монако информирало и за барањето за привремено замрзнување на 11 милиони евра. Утврдено е дека правното лице-концесионер  на центрите за дијализа веќе е отуѓено.

Ова е направено само неколку недели по продажбата на фирмата концесионер Метрополитен на шведски  Диавериум, кога се случи бегството на Груевски и притворањето на Сашо Мијалков. Одбраната на Мијалков негираше дека тој има каква било поврзаност со трансакцијата за „Диамед“ ниту пак со износот од 11 милиони евра што се споменува. На Мијалков му беше одреден притвор на 20 ноември за предметот за прислушувањето ,, Таргет-Тврдина,, но по 10 дена СЈО побара да се укине тој притвор и да се одреди нов, овојпат за истаргата за „Империја“.

Обвинителството за организиран криминал отвори истрага по допрен глас од Здружението ,, Нефрон,, во врска со доделувањето на концесијата за центрите за дијализа.Концесиите се доделени во 2013 година. Еден од носителите на концесии за 9 центри за дијализа е Диамед Македонија.

Два дена по отворањето на истрагата склучен е договор за пренос на удел со што всушност даиамед преоѓа во сопственост на шведската фирам Диавериум.Датумите се премногу блиску за да се смета дека истрагата и продажбата случајно се совпаднале.

Според податоците во Централниот регистар, компанијата Диамед е во сопственост на Метрополитен а до неодамна газди биле Вера Иванова и фирма без познат сопственик од Дубаи-Смарт Холдинг Лимитед. Во целата истрага за трансферот на парите се вклучи и обвинителството во Монако кое треба да им помогне на македонските власти во расчистување на случајот.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ