Обвинителството ја истражува сообраќајката во која загина тримесечно бебе

Во две одделни сообраќајки низ патиштата низ западна Македонија загина две лица, меѓу кои и едно бебе.

Првата сообраќајка се случи вчера попладне на регионалниот пат Кичево – Македонски Брод, меѓу селата Србјани и Староец. Во неа учествувале две патнички возила и едно товарно моторно возило при што загина петмесечно бебе а уште 5 лица се повредени.

Според првичните информации, несреќата се случила кога возачот на патничко моторно возило марка Голф, со охридски регистарски таблички што се движел од Македонски Брод кон Кичево, направил обид за претекување на товарно возило.

„При претекнувањето, возилото Голф удрило во патничко моторно возило Алфа Ромео со регистарски таблички од Република Словенија, што доаѓало од спротивниот правец. На лице место од здобиените повреди починало тримесечно бебе. Патниците на двете патнички моторни возила со тешки телесни повреди се пренесени во медицински установи за укажување натамошна помош“, стои во соопштението на Основното јавно обвинителство Кичево.

Основното јавно обвинителство Кичево има земено траги за вештачење. Се работи на целосно расветлување на случајот.

Неколку часа подоцна во сообраќајка на автопатот Тетово – Гостивар пред клучката за Камењане, загина 32 годишна жителка од тетовското село Урвич.

Во незгодата учествувале две патнички возила Опел Корса и Форд Куга. Возачот на опелот се здобил со тешки повреди а неговата сопруга од здобиените повреди починала во тетовската клиничка болница.

Само десетина минути подоцна на истото место каде се случила сообраќајката, но од спротивната страна на Автопатот Тетово – Гостивар се случила уште една сообраќајка, во која со тешки телесни повреди се здобил пешак, откако на него налетало возила Лада Нива. Пешакот по укажаната помош во тетовската болница поради серизноста на повредите, итно е пренесен на скопските клиники.

Јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово извршиле комплетен увид на местото на несреќите. Се работи на целосно расветлување на двете сообраќајки.

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ