Обвинителството гони двајца лекари за тешки дела против здрвјето на луѓето за случајот на Боро Стаиќ

Не преземањето на медицински мерки кои  морале  да се направат при  фрактура на вратните пршлени, евидентно е дека предизвкале дополнителни оштетувањат на рбетниот мозок.  

Вака  обрзаложија  вештите лица од Судска медицина на почетокот на третото судење во Основниот суд во Охрид,  во кое обвинителството   гони  двајца лекари за тешки дела против здрвјето на луѓето за  слуачјот на Боро Стаиќ,  кој во 2012 година  како 18-годишно момче, остана доживотно и  целосно парализира, по скок во вода од платформа на охридска плажа.  Иако интервенирала брзата помош, до охридската болница бил транспортиран како случај на пијанство, а со таква дијагноза го испратил дома и специјалистот интернист.

„Повикот беше за пијано дете. Немав податок дека имал повреда, дека скокнал во вода, дека паднал. За време на транспортот до болница не покажа симпроми на болка. Не беше контактибил, го прашував но не добив одговор, рече лекарката од Итната помош Ана Неделковска.

„Пацинетот имаше уредно и правилно дишење, беше во лежечка положба, не беше имобилизиран и не можев да закучам дека се работи за повреда. Ми одгвори на сите прашања, но не ми кажа дека паднал и дека има болка, рече Ѓоко Константиновски, специјалист интернист во Општа болница Охрид.

Тоа што не било имобилизиран  и  што не бил задржан во болница, туку  вратен дома и  влечен по скали од неговоите другари  до 6 кат во станот каде престојувал, придонело  за сериозни компликации.

– Одземеноста на екстремитетите   постоела по скокот. Но шансите за опоравување на таа повреда ќе биле многу поголемеи доколку навреме се преземеле соодветни медицински третмани, рече Зоран Павловски, вешто лице.

Во два  наврати Охридскиот  суд ги ослободува лекарите од вина, но Апелациониот суд во Битола, ги поништува пресудите и ги враќа на повоторно судење. Додека трае овој  маратонски судски процес, Боро Стаиќ, (приказната на Стаиќ во емисијата КОД) наполни 25 години и живее живот целосно зависен од родителите,  блиските пријателите и по трет пат ja чека правдата.  

Емилија Мисирлиевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ