
Обвинителството ги отфрли кривичните пријави на Владимир Панчевски против Јанева, Ристовска и 8 вработени во МВР и СЈО
Обвинителството ги отфрли кривичните пријави на екс претседателот на Кривичен, Владимир Панчевски против специјалната обивнителка Катица Јанева, нејзината колешка Ленче Ристовска и уште 8 други вработени во МВР и СЈО, за кривични дела злоупотреба на службена положба и противправно присвојување на предмети при претрес.
Државното обвинителство утврдило дека СЈО постапило законски и во согласност со праксата на судот во Стразбур кога наредба за претрес во неговиот дом ја побарало од гевгелискиот суд, бидејќи Панчевски е судија во скопскиот Кривичен. Обвинителот оценил и дека при претресот во неговиот дом немало никакви злоупотреби.
Ден по претресот Панчевски обвини дека истажител му го украл клучот од неговиот дом, а дека наредбата од гевгелискиот суд како незаконска. Пријави и претставки поднесе и против гевгелиската судијка Злата Попова.