
Обвинителството бара куќен притвор за Владо Јовановски
Адвокатите на актерот Владо Јовановски, и поранешните шефови на собраниското обезбедување Оливер Поповски и Горан Ѓошевски, осомничени за Крвавиот Четврток попладнево на одвоени јавни седници во скопска апелација побараа укинување на притоворот, откако кривчниот суд пред нова година им го продолжи престојот во Шутка за нови 30 дена. Одбраната уверуваше дека тие нема да избегаат.
За Владо Јовановски и вишиот обивнител предложи притоврот да биде укинат и заменет со домашен притвор но за другите двајца осомниечни ставот на вишто обвинителство е дека мерката притвор треба да остане да остане. Се очекува утре судот да ја соопшти одлуката.
Јавни седници за притворите за 27 април се закажани и за наредните денови. Во апелација до сега пристигнале 18 жалби од одбраната.
На крајот на декември судот им го продолжи притоврот на 23ца осомничени за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Мегу кои и тројцата пратнеици Мукоски, Василевски и Арнаудов и екс министерот за внатрешни Митко Чавков.