Обвинителите на СЈО се оградија од Катица Јанева

Стојат зад сите обвинителни одлуки, но се оградуваат од Катица Јанева. Обвинителите на СЈО велат истрагите нема да запрат.

На попладневната прес конференција, обвинителката Ленче Рисотвска апелираше за побрзо расчистување на случајот „Рекет“, но и почитување на пресумцијата на невиност .

– Стоиме зад работата што досега е завршена, ве уверувам дека сите предмети по кои се постапува се професионално водени и не се загрозени постапките. Наш примарен интерес е зачувување на интегритетот на СЈО и секогаш сме постапувале на ниво на задачата за справување со криминалот. Внимантелно го следиме сите случувања и сме подеднакво загрижени, но истовремено повикуваме да се почитува презумцијата на невиност. Сите ве уверувам дека дејствијата на поединци не ги отсликуваат сите во СЈО и не смее да ги доведат под прашање интегритетот и постапките кои се видени досега, истакна Ристевска.

Посочи дека зборува во име на сите обвинители и целиот истражителски тим на СЈО. Ристевска не даде директни одговори на прашањата поврзани со Јанева, нагласувајќи дека има активна истрага и оти Обвинителството за организиран криминал и корупција е надлежно за овој случај. Таа лично ниту денеска ниту вчера не се сретнала со Јанева, а за нејзината оставка обвинителите во СЈО дознале кога било објавено во јавноста.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ