Љубен Арнаудов: Писмото треба внимателно да се прочита (видео)

Во кривичниот суд во Скопје во секој момент треба да продолжи судењето за настаните од 27 април минатата година, каде треба да се гледаат видеоснимките од камерите при упадот во собранието.

Пред да започне рочиштето пратениците и останатите обвинети за крвавиот четврток не сакаа многу да зборуваат околу писмото кое го испратија до јавноста во кое велат дека се чувствуваат изневерени од лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и побараа расправата да добие правилен тек.

Единствено пратеникот и обвинет Љубен Арнаудов вели дека писмото треба внимателно да се прочита и сериозно да се сфати.

Тој истакна дека не е точно дека имале закани и дека примиле пари.

– Ништо не е ветувано за случајот 27 април и затоа не сакам да давам никакви информации. Доаѓаме тука да докажеме дека сме невини, изјави Арнаудов.

Тој додаде дека нема да се меша во судските одлуки.

– Верувам во судот и тоа што ќе го донесе како одлука ќе го почитуваме и ќе ги користиме сите правни лекови, потенцира Арнаудов, кој посочи дека го обезбедува полицијата по службена должност.

Пред почетокот на денешното рочиште Богдан Илиевски  прашан дали се чувствува предаден, посочи само „сите ние сме браќа“.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ