
Обвинетите во предметот 27-ми соочени со снимките на телевизите како докази на обвинителството
Пробивање над малубројните полициски специјалци, влез во пленарната сала, насилства во прес салата, и препознавање на дел од обвинетите на кобниот 27ми април. Обвинителството на денешото рочиште за 27ми април 32-цата обвинети ги соочи со снимките на камерите на телевизиските екипи на Телма и Алфа. Пред објективите се гледа толпа луѓе која нагрнува во собрнаските сали и ходници. Демонстрантите ја бараат камерата, а снимателите ја спасуваат од насилниците.
Од кадрите пред Собранието се гледа дека веќе е стемнето, луѓето се пред главната врата и слободно се движат, и влегуваат внатре во поголема група. Во неколку часовниот материјал се гледа возило на брза помош како се обидува да дојде до задниот влез, но не може да се пробие до Собранието, и откако е спречено од граѓаните и се повлекува. Потоа се гледа друго амбулантно возило и како во него внесуваат на количка повреден.
Во судницата по неколку рочишта претставување снимки од собраниските камери одново се слуша тон, но недоставува реалното време на снимките, бидејќи тие биле користени и за емтиување во телевизиските куќи забележа обвинителката Ивана Трајчевска. Трајчевска остана да ги изведува доказите откако застапникот на обвинението Вилма Русковска побара и доби дозвола од судијката да ја напушти судницата од здравствени причини.
Судскиот предмет за „Крвавиот четврток“ продолжува во доказна постапка против 33 лица обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок.
Павле Беловски