
Обвинетите во „Диво насеље“ не признаваат тероризам
Обвинетите за „Диво насеље“ се свесни дека се виновни но не за тероризам, велат нивните адвокати кои на вториот ден од јавната седница без нивно приутство и во атмосфера поинаква од вчерашните тензии, ги изнесуваа жалбите на пресудата и бараат од апелација нејзино укинување или пак намалување на казните.
Според Рауфи но и неговите колеги, во „Диво насеље“ имало судир меѓу две групи односно дека обвинетите дале отпор на обидот на полицијата да изврши претрес, немало напад на институција ниту повредени цивли за да биде тероризам. Носењето оружје и облекување на униформа не било доволен доказ за тероризам, посочија од одбраната. Дури како аргумент наведоа дека наместо страв локалното население, со гостопримство ги примиле дојденците од Косово.
Според Милнов нелгоично е тоа што Кривичниот суд освен доживотна робија на дел од обвинетите им изрекол и протерување од државата, па иронично праша дали ќе се протеруваат мртви тела?
Обвинителството пак се жали на четворицата обвинети кои добија ослободителни пресуди додека за останатите бара да се отфрлат жалбите на одбраната како неосновани и да се потврдат првостепените пресуди.
Елена Ивановска Мукоска