Обвинетите организатори на 27-ми април со стотици сведоци контра обвинението

Поранешниот претседател на собранието Трајко Велјановски и ексфункционерите Јанакиевски, Ристовски и Атанасовски седнаа во судница но не почекаа да слушнат што обвинитеката ќе каже против нив во воведниот говор. Побараа одлагање. Не ги добиле сите докази.  Судијата денеска им подели се цедиња со скенирани докази и објасни дека дури вчера ги добил дел од  доказите кои се исти со предмет за извршитлеите на 27 ми април а кој веќе е пред апелациониот суд по жалба за пресудата. Обивнителката Русковска смета дека одлговлекуваат а како поткрепа на ова откри дека предлагаат 100 тици сведоци

Дел од адвокатите потврдуваат дека имаат многу сведоци но со цел да го побијат обвинението, дел велат прелдожиле само десетина сведоци. Одбраната обвини дека обвинителството нема докази и сака да ги скрие наместо да ги открие вистинските сторители , за во историјата да останат запишани овие обвинети како нарачатели на 27 ми април

Деновиве одбраната покрај сведоци предложила и листи на докази. Судијата прочита дека Миле Јанакеивски доставил це де на кое била изјавата на пратеникот Крсто Мукоски дадена во Собранието. Тој и останатите обвинети пратеници беа меѓу половината од обвинетите за 27 ми што беа амнестирани, другите 16 добија затворски казни а само Дурловски ослободителна.

Русковска потврдува дека некои обвинети од првиот предмет ќе ги повика за сведоци во овој, но смета дека пресудата за извршителите нема влијание врз овој процес бидејки станува за различни предмети иако се поврзани со истиот настан.

Организаторите на 27 ми април се товарат за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Според обвинението подготвиле и реализирале план со акти на насилство да оневозможат мирно примопредавање на власта. Обвинетите ги организирале и материјално ги подржале масовните протести, што кулминираа со насилното влегување во Парламентот на 27 април 2017 година.

Меѓу организаторите, обвинителството ги сомничичеше и бегалците Никола Груевски и Никола Бошковски но поради нивното отсуство не се најдоа меѓу обвинетите.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ