Обвинетите Кољо и Нинџа бараат да им се укине притворот

Тројца обвинети за насилствата од 27 април, Александар Василевски – Нинџа, Никола Митревски – Кољо и Горанчо Ангеловски денеска на јавна седница во Апелација побараа да им се укине притворот и да им се замени со мерката куќен притвор.

Василевски истакна дека тој самиот се предал на истражните органи и дека бил недостапен поради предвременото раѓање на неговото дете и нагласи дека не сторил никакво насилство во Собранието.

Митревски пак пред судиите во Апелација истакна дека чувствува вина поради тоа што влегол во Собранието и дека нема да бега доколку му се укине притворот бидејќи има  две малолетни деца, сопруга и фирма кој во моментов не работи бидејќи тој е во притвор. Во своја одбрана и Митревски наведе дека самиот се предал на истражните органи а бил недостапен бидејќи го барале на погрешна адреса.

Одбраната на обвинетиот Ангелковски пак, образложувајќи го барањето за укинување на притворот наведе дека тој освен што влегол во Собранието не сторил никакво насилство и додаде дека тој е семеен чопвек кој има син полицаец. Тие обвинија на селективен пристап околу меркаста притвор меѓу обвинетите за 27 април.

На денешното рочиште на процесот за 27 април продолжи доказната постапка на одбраната. Се гледаа снимки од собраниските камери кои како одбрана ги достави тимот на полицаецот Абдуљфета Алими како и сведоци на обвинетата Елена Доцевска – Божиновска, службеник во  кабинетот на Трајко Вељаноски.

Огнен Чанчаревиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ