Обвинетите Јанакиевски и Божиновски во „Титаник“ планирале бегство

Полицијата не го најде, а самиот откри дека е во Унгарија. Неколку часа откако властите дознаа каде е бегалецот од правдата Никола Груевски, специјалното обвинителство побарало и добило птоврда за притвор за уште двајца обвинетите во предметот „Титаник“. Поранешните владини функционери Миле Јанакиевски и Кирил Божиновски на ист начин подготвувале бегство, рече обвинителката во предметот Лиле Стефанова. Не откри детали дали нивна цел била Будимпешта, Унгарија.

Судењето за „Титаник“ и изборните злоупотреби отпочна навреме. Судечкиот совет предводен од Осман Шабани ги доби две решенија за 30 дена притвор за Божиновски и Јанакиевски, но мораше да го одолжи рочиштето бидејќи немале време да испратат наредба за нивно спроведување. Одбрната веднаш реагираше дека обвинителството не навеле докази на што го темели тврдењето дека тие планирале бегство. Столчето на Груевски остана празно во салата. Адвоактите реагираа на предлогот на Стефанова на Груевски да му се суди во отсуство. Според нив сеуште не е констатирано  дека тој е избеган, а на судот му предлагаат да ја одвои постапката.

Полицијата по Божиновоски и Јанакеивски дошла доцна наутро. Од 5 часот тие се во истражниот затвор Скопје, во Шутка. Во многубирјните процеси тие се појавуле редовно, а ги почитувале и мерките за безбдност. Адвокатот Миланов вели дека барањето на СЈО за притвор е по претходни сознанија на тајната полиција.

Во „Титаник“ обвиента е и поранешната минситерка за внатрешни гродана Јанкулвоска, која за “Тенк“ заедно со Груевски доби 6 годишина затворска казна на која се жали до апелација. За неа и остантите обвинети СЈО не побара нови мерки, ниту притвор.

Наредното рочиште на 16-ти Ноември се одложи на брање на обивентиот Илија Димовски кој патува на настан как одел од собранието. Судот си даде рок до 23-ти ноември да констатира дали Груевски е во бегство, дали ќе м усуди во отссутво или ќе го прифати барањето на одбраната да ја одви за него постапакта.

 

Павле Беловски

 

 

Објавено на
© 2026 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ