Обвинението за организаторите на крвавиот четврток до крај на мај

Крај на мај ќе биде подготвено обвинението за организаторите од 27-ми април, изјави денеска обвинителската Вилма Рускоска. Екс претседателот на собранието Велјановски, кој е осомничен како организатор на крвавиот четврток вчера пред обвинителството се бранел со молчење. Тој барал увид во доказите на кои би требало да ја темели и својата одбрана. Заедно со него осомничени се и бегалците Никола Груевски, Никола Бошкоски, екс директорот на УБК Владимир Атанасовски и екс министрите Спиро Ристовски и Миле Јанакиески. Во петок на распит е повикан Јанакиески.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ