
Обвинение за скопјанец кој на фејсбук се заканувал со убиства за политичари
Обвинителствто поднесе обвинителен предлог против скопјанец за продолжено кривично дело, загрозување на сигурноста.
-Обвинетиот 34-годишник, во периодот од 29 до 31 март, искористувајќи исти прилики и други слични околности, преку својот профил на една социјална мрежа се заканил дека ќе изврши кривично дело – Убиство за кое е пропишана казна затвор од над пет години. Тој во повеќе наврати објавувал текстови со заканувачка содржина, а заканите биле упатени кон политичари и владини фунционери, соопштија од обвинителството,
Според информациите од обвинителството во постовите што ги објавувал скопјанецот на фејсбук се споменувале и политичари од опозицијата и функционери од власта.