Обвинение за напаѓачите на Бела

Тројцата напаѓачи на екс економскиот директор на Гинекологија Валјон Бела ќе одговараат за насилство, по пукачот се уште се трага. Скопското обвинителство информираше дека поднеле обвинителен предлог за три лица кои на 20.12.2018  на паркинг позади маркет во Чаир, во група извршиле грубо насилство врз едно лице и во јавноста предизвикале чувство на несигурност и страв.

Тие му се приближиле на оштетениот и го нападнале удирајќи го со тупаници по лицето и телото, велат од обвинителството.

Лицето кое било заедно со нив со нив и пукало кон Белја со што му била нанел и огнострелна повреда во десната потколеница, останува непознат за истражните органи

Во текот на кривичната постапка, МВР лиши од слобода едно лице како евентуален сторител на кривичното дело. Во присуство на јавен обвинител, согласно Законот за кривична постапка, беше извршено препознавање, но оштетениот не го препозна тоа лице како лицето кое му ја нанело повредата со огнено оружје, стои во соопштението.

Судот определил мерки на претпазливост за тројцата обвинети: забрана за напуштање на градот, повремено јавување во Судот, привремено одземање на пасош и забрана за приближување и одржување каков било контакт со оштетениот.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ