Обвинение за кокаинот наменет за припадник на кумановската група во Идризово

Обвинителството поднесе обвинение против жител на Косово кој се обидел во затворот во Идризово да прошверцува 90 грама кокаин.

Обвинителството го товари за дело неовластено производство и пуштање во промет на наркоточни дроги. Обвинетиот жител на Косово инаку е татко на осудениот за тероризам Лирим Красниќи, осуден на 40 години затвор за Диво Насеље. На 31-ви јануари таткото тргнал во посета на Красниќи во затворот, но во една јакна во пакетот била најдена кеса со кокаинот замотан со селотејп.

Уапсениот се правдал дека јакната му ја дал некој таксист за да му ја сасе на Мухамед Красниќи- Малишева, уште еден осуденик од кумановската група. Лирим Красниќи е еден од 14-те затвореници кои се осудени за Диво Насеље, а во моментот во Идризово отслужуваат казна затвор од 40 години или доживотни казни. Тие се одделени од останатите затвореници. Претходно во два наврати затворските чувари им откриле алкохол скриен во шишиња сок.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ