
Образованието не ги следи потребите на пазарот трудот
Образованието не ги следи потребите на пазарот трудот, кое произведува несоодветен кадар, кој повеќе не го бараат фирмите и компаниите. Ваквиот јаз меѓу овие два сектори, ја кочи македонската економијата која не може да најде работници, потенцираа на конференцијата Бизнис образование во 21 век. Професорот Абдулменаф Беџети вели дека универзитетите мора да ги приспособат студиските програми, но потребно е и наставниот кадар да користи современи начини на предавање, со цел да се мотивираат студентите на полесен и побрз начин да ја совладаат материјата која ја бара бизнис секторот.
Заменик министерот за образование Арб Адеми, вели дека се прават напори, образовниот процес да одговори на потребите на фирмите преку воведување на таканаречно дуално образование.
Дел од сопствениците на компаниите кои учествуваа на трибината, велат дека дуалното образование помага да најдат соодветен кадар, но потребно е уште многу да се работи на ова поле.
Учесниците на трибината посочија дека образованието постојано треба да го следи пазарот на трудот кој се менува со брза динамика за разлика од универзитетите кои пред се се конзервативни институции, и јазот меѓу нив и потребите на фирмите секогаш ќе постои.
Зоран Димовски