
Образование и бизнис
Покрај практична обука во рамки на наставата, 80 ученици од средното електротехничко училиште Михајло Пупин ќе се обучуваат за електричари и во 6 фабрики. За три години школување ќе имаат вкупно 1600 часа практична настава кои потоа на 57-мина ќе им обезбеди вработување во една од овие компании. За менаџерите на Ван Хол, Виталиа, Мак стил, Цементарница Усје, Арчелор Митал и Раде Кончар ова е инзвонредна шанса, со оглед на тоа што до сега исклучително тешко доаѓале до млади стручни кадри од областа на техничките науки
Оваа наставна програма произлегува од досегашната соработка меѓу ЕВН и училиштето која исто така обезбедува автоматско вработување на дел од завршените ученици. Барањата на бизнис заедницата за нивно поголемо вклучување во изготвувањето на наставните планови и програми кои треба да обезбедат профилирани кадри кои веднаш можат да бидат искористени од пазарот на труд, имаа одек кај надлежните.
Според бизнис заедницата, во наставата се уште не се обработуваат одредени специфики кои потоа се од важност за производствениот процес. Досегашниот недостиг од стручен кадар компаниите го решаваа со дополнителни обуки на кои заинтересираните за вработување се стекнуваа со потребните знаења и вештини. Забелешките на менаџетите се во ансока дека сето ова ги чини пари и дополнително време.
Сања Јовановиќ Дамјановска