
Објектите во Македонија се градат во согласност со сите пропишани стандарди, тврдат во ИЗИС
Од скопските објекти можат да се урнат само доградбите и дивоградбите кои не биле опфатени со законот за градба навреме, потврдуваат од институтот за земјотресно инженерство и градежната комора.
Новите објекти се градат за да издржат земјoтрес посилен од скопскиот и оној во Драч, иако преголема е бројката на објекти изградени без проектна документација кои се легализираа по едно евра за метар квадратен.
Токму тие објекти треба да се проверат, се дел до препораките на институтот за земојтресно инженерство.