Објавено ново сведочење за случајот Рекет

28.06.20 189 година. Грешката во годината каде се нашла една осмица повеќе е на докуменотот кој дел од порталите го објавија како записник од сведочењето на сведок во Рекет.  На него стои името на обвинителката Вилма Русковска, потписот на сведокот чие име е сокриено и записничарот. Испитувањето започнало во 10 часот и десет минути, а според она што го пишува во последниот пасус сведокот и осомничениот Бојан Јовановски со прекар Боки 13 се знаеле неколку години, а се виделе во јануари годинава. Порталите го прераскажуваат исказот, а обвинителката Русковска не ја потврдува нивната веродостојност.

Веродостојно е само она што ние го објавуваме. Очигледна е намерата на авторот да се искомпромитира целата истрага, со вадење од контекст, со негови коментари и заклучоци, со полувистини и лаги, вели Вилма Русковска – обвинител .

До сега за случајот рекет се испитани повеќе сведоци, но се објавени само две сведочења, на осомничениот на СЈО, Орце Камчев и ова денеска. Според правниците можно е протекувањето на сведочењата да ја компромитираат истрагата, но велат дека интерес имаат осомничените.

Во меѓувреме премиерот Зоран Заев чија влада е спомената во исказот не е информиран за денешниот најнов објавен исказ.

Од каде протекуваат записиниците за сега не се знае. Според обвинителството се работи на случајот за откривање. Инаку во рекет се осомничени специјалната обвинителка Катица Јанева, сопственикот на 1 тв Боки 13 и бизнисменот Зоран Милевски – Кичеец.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ