
Обилните врнежи – опасност од поплави
Скопско, Тетово, Пласница – обилните врнежи изминативе денови ги отворија старите проблеми на општинарите низ цела Македонија. Затрупани канали, излезани реки. Вардар во Скопско им се закани на жителите во селата Рашче и Свиларе. Земјоделските површини ги проголта новонастанато езеро, а стадионот е претворен во огромен базен.
Село Рашче е изворот на питка вода од каде се снабдува 2/3 од главниот град и околните населни места.
Од Ј.П. Водовод и Каназалиција тврдат дека нема опасност да се загрози квалтитет на водата во мрежата која минува довде. Проблемот не го прави реката Вардар, туку околните одводни канали, за кои општината изработила проект, но се реализира во фази, велат оттаму. Интервенирано е со механзиација, и цистерни, а водата е извлечена за да може да минуваат возилата. Во Тетово и околината веќе се пријавени штети. Неколку домаќинства се евакуриани бидејќи водата влечела со себе каменња, шут и ги рушела потпорните ѕидови. Вода за пиење нема во цели населби.
Градките власти се излезени на терен со механизација и одново го повторија старото барање на жителите. Во иднина ќе се градат брани и насипи за да се спречат поплавите.
Штети има и во општина Пласница. Тука наставата ќе биде запрена додека не се извлече водата од основното училиште.
Денеска се санираат штетите, а од утревечер започнуваат врнежи и нови стравови од поплави. Македонија ја погоди времснки феномен наречен циклон кој предизвика врнежи во просек од триесетиан литри на метар квадретаен.
Павле Беловски