
Обилни врнежи и силен ветар во Скопје- следува уште еден бран врнежи вечерта
Попладнево околу 16 часот, небото се истури над Скопје. Обилен дожд проследен со силен ветар и со грмотевици го погоди главниот град. Ветрот поминуваше и со удари брзи по повеќе десетици километри на час.
Од УХМР соопштија дека невремето доаѓа од север и од Скопје се движи кон југ.
Дежурниот синоптичар рече дека за 2-3 часа се очекува уште еден влажен бран, но со многу помалку врнежи, а во текот на ноќта времето ќе се стабилизира.