Обдусманот алармира на лош безбедносен систем во затворите

Народниот правобраните по сопствена иницијатива отвора истрага за инцидентот во притворот во Шутка во кој биле инволвирани поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски. Од канцеларијата на омбдусманот денеска биле во затворот „Скопје“ за да се документира целиот случај, а на разговор ќе бидат повикани и директорот на Управата за извршување на санкциите, директорот на Затворот „Скопје“, и сите други  службени лица кои можат да дадат определени податоци во постапката.

Обдусманот очекува надлежните органи да го расчистат настанот и да утврдат дали од страна на припадниците на затворската полиција или другите служби соодветно се реагирало. Тој бара да се санкционираат лицата, кои иако имаа обврска да превенираат и спречат насилство, дозволиле  тоа да се случи.

Tоа што се случува во казнено-поправните установи е резултат и на поставувањето на нестручни и партиски кадри на раководни позиции во овие установи, а како последица на ова меѓу затворската популација има поделби на привилегирани и непривилегирани , по разни основи и тоа: материјална, социјална положба, национална, верска, партиска, и др., а поради недоволно функционалниот безбедносен систем во  опасност не се само притворените и осудените лица, туку и општеството во целина, се наведува во соопштението од Канцеларијата на Народниот правобранител.

Од кај Обдусманот наведуваат дека затворскиот систем моментално е место во кој пресметките помеѓу осудените, како и притворените лица се чести, а причините се различни, меѓу што и обезбедување на привилегии за парична надокнада, во што се инволвирани и вработените во затворите. За тоа и за нефункционалната ресоцијализација велат дека алармираат повеќе години, но досега без реакција од управите на затворите и Управата за извршување на санкциите.

Народниот правобранител пред седум месеци објави извештај за состојбата во затворскиот систем во кој беше наведено дека казнено поправноите домови имаат сериозен недостаток на професионален и стручен кадар, но и лоши услови за сместување, нефункционален систем на повикување и лош здравствен систем.

Речиси идентичи наоди за затворите има и Комитетот за превенција од тортура на Советот на Европа. Во нивниот извештај објавен во октомври 2017 се наведува дека состојбата во затворите во 2016 е речиси идентична со онаа во 2006, поточно дека многу малку е направено за 10 години. Констатирани се нехумани услови за живот во делови од затворот во Идризово, несоодветен здравствен третман на затворениците кој го става во ризик нивниот живот, како и раширен систем на корупција во секој сегмент. Во извештајот на Комитетот констатирано е лошо менаџирање и ефикасност на персоналот.

Комитетот за превенција од тортура најави посета на затворите во Македонија повторно оваа година.

Тамара Грнчароска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ