НВО: Новиот закон за основно образование е чекор напред во заштитата од дискриминација и насилство во училиштата

Коалицијата Маргини, Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување ХЕРА и Македонското здружение на млади правници ја поздравуваат одлуката на Министерството за образованиве и наука и Собранието на Република Северна Македонија за носење на нов закон за основно образование, а особено за внесување на одредби за заштита од дискриминација и насилство.

Во денешното соопштение на трите здруженија се посочува дека тие активно се застапувале во Министерството за образование и наука за внесување на одредби со кои експлицитно се забранува дискриминацијата во основното образование на сите основи, вклучително и сексуалната ориентација и родовиот идентитет.

– Законот прецизира дека дискриминацијата е забранета во воспитно – образовниот процес, запишувањето, достапноста до услуги и придобивки, прилагодување и пристапност до и во објекти, вработувањето, кариерното напредување и престанок на вработувањето, ученичкото организирање, содржината на наставните програми и учебниците, управувањето и учеството во органите и телата на училиштата, финансирањето на основното образование и која било друга област од основното образование, се наведува во соопштението.

Трите невладини организации сметаат дека новиот Закон за основното образование е значително унапреден во однос на заштитата од дискриминација и насилство во основното образование.

– Апелираме за соодветна примена на овие членови во партнерство со здруженијата на граѓани. Воедно, бараме Министерството за образование и наука да не вклучи во процесот на измена и дополнувања на Законот за средното образование, се потенцира во соопштението.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ