
НВО може да помогнат, но администрацијата мора ги води преговорите со ЕУ
Граѓанскиот сектор може да помогне со експертиза во процесот на преговорите на земјава со Европската унија, но товарот на преговорите мора да го носи администрацијата. Ова е ставот на претставници од граѓанскиот сектор кои работат на пристапувањето на земјава во ЕУ на изјавата на министерот Дамјан Манчевски, дека државната администрација нема доволно капацитет за водење на преговорите, со повик до невладиниот и приватен сектор да помогнат.
„Граѓанскиот сектор поради специфичните услови на развој има и одредена доза на експертиза, што може да помогне но таа во никој сличај не може да биде основната, рече Кацарска. Искуставта од другите земји покажуваат дека јадрото што ги води преговорите мора да биде од администрацијата“, изјави Симонида Кацарска, Институт за европска политика.
Еден од клучните проблеми за тоа, според Уранија Пировска, е партизацијата на администрацијата која не е апрена.
„Не може да се очекува граѓанскиот сектор ќе биде оној круцијален фактор во поминување на тој процес. Пред се мора д апостои надфрадување на капацитетите во државната администрација, а тоа не може да се случи доколку и понатаму постои партизација на државната администрација односно, вработување само поради партиска припадност“, изјави Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет.
Од владата денеска без конкретен став за изјавата на Манчевски дека владата е загрижена за капацитетот на администрацијата за следните покрупни фази од преговарачкиот процес.
„Не би можел да навлегувам во специфични изјави на други министри во владата“, изјави Миле Бошњаковски, портпарол на Влада.
Според Бошњаковски објаснувачкио скрининг се одвива непречено.
Сепак тоа што структурата на преговарачките тимови по одделни поглавја не е формирана може да биде проблем бидејќи ако земјава во јуни добие датум за преговори, ќе стартува и билатералниот скрининг од кој ќе зависи отворањето на поглавјата во преговорите. Немање капацитет на администрацијата може да го закочи целиот процес.
Прво поглавје кое се отвора во преговорите е 23 и 24, за судство и фундаментални права, за кои Институтот за Европска политика и Хелсиншкиот комитет објавија нацрт-извештај за изминатите 10 месеци. Во делот на правосудството се забележува дека се усвоени клучни реформски закони, Законот за судовите, за судскиот совет, но и оти допрва претстои нивна имплементација.
Се нотира и дека Уставниот суд работи според деловник од 1992 година и оти е потребно негово менување или носење на Уставен закон.
Во делот за СЈО пак дека е потребно побрзо регулирање на неговиот статус и надлежности. За Кацарска токму статусот на СЈО е во фокусот на земјите-членки за носење на одлуката за датум за преговори со земјава
„Очигледно е дека клучните земји-членки во ЕУ очекуваат напредок во однос на ова, до одлуката во јуни, и е еден од аспектите што стои како незавршена задача“, вели Симонида Кацарска, Институт за европска политика.
Во делот на човековите права Извештајот нотира напредок, пред се со носење на законите за спречување на дискриминација и за спречување на бременост. Забележано е и зголемување на јавната свест за говорот на омраза, која е најчеста по етничка и по политичка припадност, но истовремено, спордено со 2017 година, регистрирано е и удвојување на дела сторени од омраза, од кои над 60% се етнички мотивирани.
Тамара Грнчароска