
Нуредини: Повеќе вложувања за поддршка на транспортот и гасификацијата во борбата со аерозагадувањето
Министерот за животна средина Насер Нуредини најави повеќе вложувања за поддршка на транспортот и гасификацијата, во борбата со аерозагадувањето. Овие најави стигнуваат по студиите на експерти од светот, кои укажуваат на поголема стапка на смртност од Ковид-19 онаму каде што загадувањето на воздухот е најголемо.
Такви примери се Ломбардија и Вухан. Здравствените власти прогнозираат можен втор пик на заразата, на есен и во зима.