
Во Куманово и денеска тешко се дише, а синоќа загадување на воздухот беше 35 пати над нормалата
35 пати поголемо загадување на воздухот имало синоќа во Куманово. Алармно црвено покажале мерните станици заради измерено аерозагадување со над 1800 микрограми ПМ10 честички на метар кубен воздух .
На социјалните мрежи кумановци се жалеа на непријатна миризба во градот и бараа надлежните да преземат мерки.
„Загадувањето во Куманово е всушност измерен пик откако е запален котелот на Општинската Болница која се загрева со мазут и така загадува“, изјави за Телма, Ана Петровска државен секретар во Министерството животна средина.
И вечерва воздухот во Куманово е загаден. Еве што покажуваат мерните станици.

Министерот за животна средина Насер Нуредини пред новинарите рече дека министерството ги мапирало загадувачите во државата, но потребно е напорно да се работи за да се подобри состојбата.