
Нуредини не сака да одговара на прашања за загадувањето
Вака министерот за животна среднина , Насер Нуредини по втор пат за неколку дена одбива да даде одговор на клучните прашања околу загадувањето. На презентацијата на Третиот преглед на состојбите со животната средина, по обраќањето на англиски јазик, ги избегна пршањата за аерозагадување затоа што биле надвор од темата.
На писмените прашања од Телма , испратени минатата недела што преземаат околу злоупотребите со црвената нафта која е 100 пати поголем загадувач од дизелот , а наголемо се точи на бензиските пумпи , ресорното министерство ја префрла топката на министерство за економија. Затоа што не се надлежни немаат ниту податоци колку се точи ниту колку се злоупотребува екстралесното масло за домаќинство.
Викендов пак министерот за економија Бектеши се фалеше дека ќе се стави крај на злоупотребата на црвената нафта, со мобилна лабораторија. Тврдеше дека бирото за метеорологија заедно со пазарен инспекторат веќе прават контроли на бензиските пумпи. Но
Но од Државниот пазарен инспекторат , за Телма велат дека од јуни чекаат Владата да им ја предаде во нивна надлежност мобилната лабораторија , а без неа не можат да докажат дали има злоупотреби на терен. Велат само дека ги исконтролирале трговците дали во нивните резорвоари останало иста количина црвена нафта како во април кога стапиу на сила забранта за ова гориво за домаќинско, но не утврдиле ниту една неправлност.
Министерството за финансии без одговор зошто ниту со новиот Закон за акзици нема потези кои ќе значат укинување на употреба на Екстралесното масло за домаќинствата или пак во најмала рака за изедначување на акцизата со таа на дизелот.
Акцизата на екстралесното е во моментов е 9 денари пониска од таа на дизелот. Нема ниту регулатива за екогоривата како биодизелот.
Теодора Цветковска