
Нуредини: Мора да се најде решение за отпадот во ОХИС
Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини вели дека сака да најде решение за чистење на отпадот во кругот на поранешната фабрика ОХИС. Во вечерашното гостување на Топ Тема Нуредини рече дека токму поради тоа побарал помош од странски компании за да се исчисти ова „жешко место“.
Ова е „наследство“ кое таму стои со декади и декади, стара депонија и многу различни хемикалии во кругот на фабриката. Токму затоа побарав од меѓународната заедница, австриски и германски компании кои работатат во секторот на животна средина, за да ме информираат како тие врз основа на нивното искуство би ни помогнале и би нè поддржале да го исчистиме ова „жешко место“, кругот на фабриката Охис. За жал ова нема да биде брзо, ќе ми треба време како прво да преговарам со нив и да ги убедам да не поддржат во овој процес,
рече Нуредини.
Тој смета дека ваквите места кои претставуваат опасност за граѓаните треба да бидат запечатени и исчистени.
Мојата намера е да го сменам пристапот и да најдам решение. И да, овој објект треба да биде обезбедуван. Не смее да им се дозволува на граѓаните да влегуваат или да се доближат до локациите кои можат да им предизвикаат здравствени проблеми. И тоа мора да се запре,
порача Нуредини.