Новозаразени 11  здравствени работници од кумановската болница – вкупниот број заразени е 15

Неизвесно во кумановската болица. Нови 11 задравствени работници се зарзиле со крона-вирусот. Позитивни на Ковит 19 се инфектолог и мецицинска сестра од истиот оддел. Вирусот е потврден и кај три докторки од хирургија, тројца од Рендген и медицинска сестра на неонатологија. Информаците за Телма ги потврди и директорката на кумановската болница.  Две од доркторките на хиругија биле на патување во Холандија, но по враќањето веднаш се ставени во карантин. Не биле во контакт со пацинети. И третата докторка одод хирургија не одела на работа, бидејќи корона-вирусот во меѓувреме бил потврден кај членови на нејзиното семсјтво.  Тројцата од Рендген пак се зарзиле во контакт со пацинети. Иако имале доволно опрема за безбедна работа, не ја користеле во текот на целото работно време.

Сестрата од неонатологија пак се заразила од инфектолог кој бил на конзилиарно мислње, немал симптоми на болеста и не знаел дека е позитивен на Ковид 19. Инфекцијата му е откриена при рустинско тестирање, бидејќи бил во контакт со првата почината пацинетка од Ковид 19. При обидот за нејзина реанимација се заразиле и специјализант во болницата и медицинска сестра. Директорката на болницата бара засилување со медицински кадар, во спротивно системот ќе крахира. Перосналот е сериозно редуциран, предупредува Захариева.

Захариева потенцира и дека пацинетите во кумановскта болница доаѓаат доцна и во многу тешка здратсвена состојба. Во мометот таму се лекуваат 20мина со потврден Ковид 19. Арламот повтроно се вклучи и кај општинските власти. Инсистираат градот да биде ставен под карантн, но таква одлука засега нема. Наместо почитуивање на мерките, граѓаните доплнително ги отежнуваат обидите на локалните власти за сравување со корона-кризата. Една од прскалките за дезинфекција на градските улици оштетиле, друга е украдена.

Весна Дојчиновска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ