Новото рочиште за предметот на СЈО „Насилство во Центар“

Во Кривичниот суд почна новото рочиште за предметот на СЈО „Насилство во Центар“. На рочиштето се присутни и поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова, кои се меѓу 12-те обвинети во овој предмет.

На претходните рочишта, вина за настаните пред општина Центар во јуни 2013, признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петообвинетиот Јордан Ристевски и добија условни казни.

Обвинетите во предметот „Насилство во Центар“ се товарат за поттикнување на насилството што се случи при протестите пред општина Центар во јуни 2013 година.

Според новиот распоред на судиите предметот ќе го суди судијата Душан Јосифов. Претходно, „Насилство во Центар“ беше кај судијката Татјана Михајлова, која од овој месец суди во Судот за прекршоци во Градскиот парк во Скопје.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ