Новогодишни обраќања за Оскар

Видеа со драмски ефекти и режисерски секвенци, со елка во заднина и  дијаметрално спротивни ставови на преден план. Новогодишните обраќања на политичарите годинава можат да конкурираат за Оскар, но нема да им донесат доверба кај народот. Иако испратија визуелно осмислени пораки, не ги надминаа и меѓусебните разлики. Во годината што изминува, Мицкоски видел само црнила, Заев,пак, само успеси на патот кон светла и сигурна иднина.

Но, овие пораки не допираат до народот, тврдат социолозите. Никакви видеа не можат да го скријат недостатокот од елементарно чувство на меѓусебна почит меѓу политичарите, со што се губи и смислата на честитањето.Сето ова, велат, тешко може да го разберат луѓето што се борат со секојдневните проблеми, а такво е мнозинството во државата.

Обраќањето на политичарите и на социјалните мрежи дефинитивно им обезбедува поголема гледаност, но не и доверба.

Уморот од ветувањата на политичарите најдобро го отсликува одговорот на млад човек во неодамнешното истражување на социолозите на оваа тема, а кој гласи: „Колку повеќе тие ми ветуваат светла иднина, толку повеќе јас го замислувам своето место во некоја друга држава.

 

Далиборка Дамјанска Цветановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ