Ново рочиште за „Титаник“

Започна новото рочиште за  предметот на СЈО „Титаник“, што се однесува на изборни нерегуларности.

Во „Титаник“,  што е прв случај обелоденет од СЈО, обвинети 21 лице, меѓу кои и поранешните функционери Никола Груевски, Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска.

Тие се осомничени од СЈО за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на избирачите, поткуп на гласачи при изборите во 2012 година.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ