Ново палење на контејнери

Повторно запалени контејнери во главниот град. Непознати сторители вчеравечер запалиле два контејнера, едниот бил новопоставен пред Генералштабот во Центар, а вториот запален е од старите контејнери во наслебата Чаир, информираа од „Комунална хигиена“.

Ваков инцидент се случи и пред два дена кога во една ноќ беа запалени осум контејнери во населбите Ѓорче Петров и во Ново Лисиче. Огнот предизвика голема материјална штета, а беа оштетени и две возила кои биле паркирани во близина на опожарените садови за отпад.

Претходно, во населбата Радишани изгореа три контејнери и еден специјален контејнер-ѕвоно, наменет за селекција на стакло, како и еден нов контејнер на улицата Франклин Рузвелт.

 Сите случаи на опожарување на контејнерите се веќе пријавени во полиција и се очекува да бидат преземени соодветни мерки за да се пронајдат и санкционираат сторителите. Градот Скопје и „Комунална хигиена“ апелираат до граѓаните да ги чуваат и да не ги оштетуваат контејнерите бидејќи истите се набавуваат со пари од граѓаните, а со нивното оштетување се нанесува голема финансиска штета.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ