Ново барање за екстрадиција на Груевски од Унгарија

Унгарија ќе добие уште едно барање за екстрадиција за Никола Груевски

Јавното обвинителство го обвини дека ги организирал насилствата на 27 ми април во собранието, а министерството за правда ја изготвило новата екстрадиција за овој предмет, најави министерката Рената Десковска.

Сега, Унгарија одново ќе биде ставена на тест дали ќе го испорача бегалецот од правдата Никола Груевски.

Унгарските власти од ноември минатата година се уште не одговориле на првото барање за екстрадиција.  По пресудата во предметот на СЈО, „Тенк“, и бегството на Груевски, министерството на стотици страници образложи за какви криминалии се сомничи екс премиерот во 5 истраги на специјалното обвинителство.

Место очекуваната екстрадиција на македонските власти, Унгарија му додели азил. Десковска одново најави дека законот за иднината на СЈО е готов, но побара од партиите да се догворат, а не да ги штитат челновите кои се гонат.

СЈО, остана без тројца обвинети кои се дадоа во бегство меѓу кои и осудениот Груевски.

Тој го нема на листата на лица барани со потерница на Интерпол, но според обвинителката Вилма Русковска тоа не е пречка Унгарија да одлучи да го испорача. Бегството на Груевски се уште се истражува, а детали дека заминал во багажник кон Албанија ги соопшти премиерот Зоран Заев.

Груевски преку социјланите мрежи му врти дека тој никогаш не се возел во багажник, а тоа го рпавел самиот Заев.

Тој што треба да го расплетка бегството прстот го впери во судиите .

Според министерот за внатрешни Оливер Спасовски судии ослободувале големи ѕверки или не носеле навремни одлуки за притвор.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ