Новиот закон за високо образование влезе во собраниска процедура

Новиот Закон за високо образование влезе во собраниска процедура најави министерката за образование, Рената Дескоска, која денеска присуствуваше на патрониот празник на штипскиот универзитет. Смета дека новиот закон ќе ја овозможи автономијата на универзитетите, како и градење во академското изразвување и влијанието на универзитетите во градењето на политиките.

На истиот став е и ректорот на штипскиот универзитет Гоце Делчев, Блажо Боев, кој смета дека со неговото донесување ќе се решат повеќе проблеми.

И по 11 години од постоењето на штипскиот универзитет студентски дом и оваа година нема да се гради, но како што забележа министерката Дескоска влезен е во програмата, а оваа година приоритетни се училишта кои се во лоша состојба но и да се завршат санациите во неколку студентски домови во земјава.

Викторија Димитрова Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ