Новиот закон за македонски јазик влегува во Собранието

Во јавна расправа влегува новиот Закон за употреба на македонскиот јазик. Тој не е во спротивност со Законот за јазиците и би требало да ги исправи сите грешки и суети на кои до сега сведочевме, вели професорот Људмил Спасов.

  • Треба македонскиот јазик да се изучува на сите високошколски установи. Зошто ? Затоа што тоа е јазик на најголемата средина и јазик на оваа држава, нели најголемиот јазик . Другите аномалии се дека не треба да се создава двојазична и бинационална држава и се надевам дека овој закон тоа го надминува и третото што го рековте самата вложувањето во науката и последно многу важно пласирањето и афирмацијата на македонскиот јазик на универзитетите во странство, и не само на универзитетите, туку и во сите културни центри во амбасадите на Република Северна Македонија, вели проф. д-р Људмил Спасов, претседател на Советот за македонски јазик 

Во изминативе години во државата се отворија неколку универзитети, но сведоци сме на стареење на наставниот кадар на државните универзитети и научни институции.

  • Процесот на прием на млади кадри е започнат, но би апелирале за побрзо темпо за вработување. Евентуалните вработувања во Институтот за македонски јазик и на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ никако не се предизборно мотивирани, туку се насушна потреба за млад кадар, вели проф. д-р Елена Јованова Грујовска, директорката на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“

Законот за употреба на македонскиот јазик предвидува вработување лектори со завршен македонски јазик во сите државни и јавни институции, во сите субјекти во државниот и јавниот сектор и афирмација на македонскиот јазик во странство.

Нина Стефанова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ