Новиот в.д реис на ИВЗ контра стариот: Короната постои

ИВЗ и објави војна на Короната. Откако разрешениот реис Сулејман Реџепи претходно прогласи победа над неа, сега новиот поглавар Шаќир Фетаи им порача на верниците да се борат против оваа болест без страв но со голема свест. Смета дека ИВЗ не е таа која треба да дава оценка дали постои, за тоа што цел свет го знае тоа.

Реисот Фетаи вели дека Исламската верска заедница е подготвена со сите сили да придонесе за да се надмине кризата. Свесен е дека во дел од општините и градовите заразата се шири со голема брзина  па поради ова вовеле ред и во џамитеи и имамите.

  • Посебно во последните моменти во неколку градови на рм почна да се шири со поголема брзина и апелирав во име на сите муфтиства уште повеке да сме сериозни озбилни и да се придржуваме до сите критериуми и да даваме доприност за што побргу.

Новиот реис не сакаше да ја коментира причината поради која беше разрешен неговиот претходник, дали поради финансиски малверзации или неморал откако се ожени со за половина век помлада жена. Рече дека се во фаза кога се прават административни анализ, не сака да зборува без аргументи бидејќи неговата опција не е да шири уличарски разговори и клевети.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ