
Новинар од 1ТВ се пријавил да даде исказ за „Рекет“
Телма дознава дека еден новинар од 1 Телевизија се пријавил да даде исказ кај Обвинителството во врска со случајот „Рекет“. Новинарите од Телевизијата соопштија дека пред неколку дена беше емитуван последниот дневник.
Агенцијата за аудио визуелни услуги испитува дали има скриено сопствеништво, односно дали директорот Бојан Јовановски кој е во притвор за случајот „Рекет’ е всушност и сопственик на Телевизијата.