Нови рочишта за „Таргет-Тврдина“, „Тотал“ и „Триста“ на СЈО

Нови рочишта во Кривичниот суд денеска за предметите „Таргет-Тврдина“, „Тотал“ и „Триста“ на Специјалното јавно обвинителство.

Во „Таргет-Тврдина“ обвинети се поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски, Никола Бошкоски, поранешната министерка за внатрешни Гордана Јанкулоска, поранешниот директорот на УБК Сашо Мијалков и уште седум други лица од Управата. Обвинети се дека незаконско прислушувале над 20 илјади лица во периодот од 2008 до 2015 година и за Уништувањето на опремата за прислушување. На денешното рочиште со сведочење треба да продолжи свиркачот Ѕвонко Костовски.

Случајот „Тотал“ се однесува на даночно затајување од страна на новинарот Драган Павловиќ-Латас, кој заедно со уште две правни лица давале лажни податоци со намера да сокријат данок, со што заедно го оштетиле буџетот за над 180 илјади евра.

Ново рочиште е најавено и за повтореното судење за случајот Триста. Во овој предмет, на поранешниот помошник министер за внатрешни Ѓоко Поповски му беше одредена казна затвор од девет години за злоупотреба на службена должност при набавката на 300 возила за потребите на МВР. Судењето почнува одново бидејќи Апелација ја укина првостепената пресуда.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ