Нови рефлектори и мрежа дел од мреките против тепачки во Шутка

Шеталиштето во затворот во Шутка е подновено со нови рефлектори и нова мрежа. Ова доаѓа по инцидентите меѓу осудените од Диво насеље и осомничените организатори на крвавиот четврток Миле Јанакиески и Спиро ристовски.

Затворот со дополнителното осветлување ќе се обиде да го продолжи времето за шетање на притворениците надвор. Тие сега смеат да излегуваат во шеталиштето само со цимерите од сопствената келија, и не смеат да се мешаат со останатите.

Ниту од Управата за санкции ниту од затворот беа достапни да одговорат дали со ова притворениците можат да го искористат целосно времето од два часа кое им следува да се на отворено.

За мерките на народниот правобранител беа токму за тоа дека нема доволно камери кои целосно би го покривале просторот но и на тоа дека на притворениците не им е овозможено да шетаат на отворено толку колку што имаат право. Бидејки затворот во Шутка кубури и со персонал сега затворската полиција која врши  спровод на притворените и осудените, по завршување на ова се ангажирани и за  надгледување. дополнително задолжение добиле и командирите на смена и нивните заменици во затворската полиција.

Поради инцидентите директорот на затворот Ѓоко Котевски си поднесе оставка но се уште е на функцијата поради тоа што беа распишани изборите па владата ова го протолкува дека неговото разрешување би било противзаконско. Дисциплински се казнети и дел од полицајците. Инаку во моментов во Шутка во притвор се повеќемина од неколку познати судски процеси.

Двајца поранешни  директори на УБК Сашо Мијалков и Владимир Атанасовски, екс директорот на БЈБ Митко Чавков, поранешниот министер Спиро Ристовски, поранешниот член на ДИК Бедредин Ибраими, осомничените од сообраќајката кај Ласкарци меѓу кои и возачот кој имаше закани по животот како и сите обвинети од процесот за 27 април. Во исто време во притвор се и осудените од Диво насеље како и борци на ИСИС. Сега од управата убедуваат дека се превземени сите неопходни мерки за да не се повтори инцидент како што беше оној во кои беа повредени Јанакиески и Ристовски.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ