Нови правила за македонски тајни агенти во странство – јавна дебата за закон за Агенција за разузнавање

По две и пол децении се носи нов закон кој го руши досегашниот монопол на УБК, објаснуваат претставници на Агенцијата кои пак немаат многу верба во ветингот и сметаат дека не треба законот да открие се.

Меѓу експертите беше и пратеничката и обвинетата во „Рекет“ Ременски која е и дел од надзорните комисии и смета дека не треба да има законски ограничувања кои ќе ги спречуваат пратениците во проверка на законитоста на разузнавачките мисии.

Во надзорот треба да се вклучат и граѓанскиот сектор и обвинителството и владата, предложија професорите Злате Димовски и Александар Нацев кој пак смета дека директорот има неограничени овластувања и може да им се одмаздува на вработените или пак да ги наградува по сопствено мислење. Опозицијата пак смета дека брзината со која се носи законот е силување на процедурата, додека власта тврди дека законот е потребен за финиш во реформите на тајните служби.

Сите едногласно ја пофалија оодредбата со која вработените во агенцијата ќе добијат соодветен статус како и нивните колеги од другите агенции и служби.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ