
Нови кривични пријави за лица кои не се придржуваат до самоизолацијата
Кривични пријави против две лица од кичевското село Лисичани поради „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“, поднесе денеска кичевската полиција.
Двете лица на возраст од 36 и 39 години, на 19 март при извршена контрола од страна на полицијата не се наоѓале во домашна изолација. Тие на 13 март пристигнале во земјава на Аеродрмот во Скопје и потпишале изјава дека доаѓаат од Швајцарија и дека во времетраење од 14 дена, во нивните домови во селото Лисичани ќе спроведат задолжителна самоизолација.