Нови два смртни случаи од коронавирусот во земјава, заболени уште 18

Уште две лица кои беа заболени од коронавирусот починале на Клиниката за инфективни болести, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче. Едниот пациент имал 91-година и бил примен на Клиниката пред осум дена, додека вториот починат имал 31-година. На 31-годишниот скопјанец вчера наеднаш му се влошила состојбата и тој влегол најтешката форма на болест позната во литературата, како што рече Филипче, со внатрешно крварење, распад на белите дробови. Вкупната бројка на починати во Македонија се искачи на шест.

Филипче притоа информираше дека денеска се потврдени уште 18 новозаболени со коронавирус, од кои три лица од Скопје и Куманово се хоспитализирани на Инфективната клиника. Вкупната бројка на заболени во змејава се искачи на 259. Во моментов таму се наоѓаат 49 лица од кои седум си потешка клиничка слика, но засега нема пациент ставен на респираторна машина, информираше Филипче.

Истовремено министерот за здравство рече дека и двајца од пациентите таму на вториот тест покажале дека се негативни на коронавирусот, а утре втор тест ќе им се прави на уште пет пациенти, по што очекуваат за неколу дена седум лица како излекувани да бидат пуштени дома.

Од новозаболените денеска, по градови билансот е : Штип – 6, Скопје – 3, Велес – 3, Струга – 2, Струмица – 1, Дебар – 1, Тетово – 1, Гевгелија – 1.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ